Миркуловски е позитивен на корона

epa09068597 Filip Mirkulovski (L) of North Macedonia in action against Henrik Toft Hansen (R) of Denmark during the Men's EHF EURO 2022 qualification handball match between North Macedonia and Denmark in Skopje, Republic of North Macedonia, 11 March 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Повратникот во ракометната репрезентација на Македонија и тоа во двојна улога, Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус по завршување на репрезентативните обврски во изминатата.
Миркуловски кој е дел од стручниот штаб, а воедно и ракометар, изминатите шест дена беше дел од репрезентацијата која одигра два натпревари против Данска на кои беше забележан триумф во Скопје. На вториот натпревар во Алборг, тој и селекторот Лазаров ја предводеа репрезентацијата од клупата.
Но, веднаш по враќањето во Вецлар, германскиот тим потврди дека Миркулковски е позитивен на коронавирус. Коронавирус има и во селекцијата на Данска, позитивни се Ханс Линдберг и Кевин Мелер, а неколку ракометари се наоѓаат во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот