Миовски: Кога покажуваш добра форма и постигнуваш голови секогаш те гледаат поголемите клубови

Бојан Миовски („Абердин“)/фото: instagram.com/aberdeenfc

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски сезонава постигнува голови за шкотскиот Абердин и тоа беше причина да се објават информации дека гигантот Селтик покажува интерес за услугите на нашиот напаѓач.

Актуелниот првак на Шкотска, Селтик е во потрага по квалитетни засилувања, а наводно Миовски е една од желбите.

Од Абердин не се загрижени, не се брза за евентуална разделба со Македонецот, а и Миовски е среќен во својот клуб.

– Имам уште две и пол години договор со Абердин и да бидам искрен се чувствувам одлично. Сè што се шпекулира и пишува за мене е нормално бидејќи кога покажуваш добра форма и постигнуваш голови секогаш те гледаат поголемите клубови. Во Абердин сум година и пол и презадоволен сум и се надевам дека и луѓето во Абердин се задоволни од мене. Досега имам постигнато 33 гола за клубот – рече Миовски.

Селтик оваа зима најверојатно ќе бара друго решение за нападот, се следат и настапите на Лоренс Шенкленд од Харт оф Мидлотиан и Матијас Квистгарден од данскиот Брондби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот