Министерство за одбрана на Турција: Иранска ракета ја проби границата на НАТО

Балистичка ракета, за која беше утврдено дека е лансирана од Иран и влегла во турскиот воздушен простор, беше неутрализирана од воздушните и противракетните сили на НАТО распоредени во Источниот Медитеран, соопшти турското Министерство за одбрана, објавија светските медиуми.

Во соопштението се наведува дека сите потребни мерки се преземаат решително и без одлагање против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на Турција.

„Балистичката направа, за која беше утврдено дека е лансирана од Иран и влегла во турскиот воздушен простор, беше неутрализирана од средствата за воздушна и ракетна одбрана на НАТО распоредени во Источниот Медитеран. Сите потребни мерки се преземаат решително и без двоумење против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја, а сите настани во регионот се внимателно следени, со приоритет на нашата национална безбедност“, се наведува во соопштението.

Руте: НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги нападне Париз, Берлин и Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот