Минеаполис ја активираше војската за да ги спречи насилните протести

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Гувернерот на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење.

Протестите почнаа во средата, а гневните демонстранти ограбувале продавници и уништувале се пред нив.

Градоначалникот Џејкоб Фреј побарал од гувернерот Волц да испрати воени единици.

Гувернерот повика на мир, истакнувајќи дека насилството претставува „исклучително опасна ситуација” и побара од луѓето да се разотидат.

Протестите избија по смртта на Џорџ Флојд, кој починал од задушување откако полицаец се обидел да го уапси и со коленото му го притиснал вратот.

Канцеларијата на американскиот јавен обвинител и Федералното истражно биро (ФБИ) во Минеаполис соопштија дека спроведуваат кривична истрага за смртта на Флојд. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот