Хаос во Минеаполис: Пожари и грабежи за време на протестот за смртта на Афроамериканецот Флојд (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Полицијата и демонстрантите повторно, втора вечер по ред се судрија во Минеаполис за време на протест заради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот за време на полициското аспење.

Полицајците, од кои некои биле на покривите, користеле солзавец, пластични куршуми и гранати за да ги стават под контрола демонстрантите, додека учесниците на протестот по полицајците фрлале камења, флаши и други објекти.

Демонстрациите започнале неколку часа откако градоначалникот Џејкоб Фреј го повикал обвинителството да поднесе кривична пријава против полицаецот, кој се гледа на видеото како држи колено на вратот на сега починатиот Флојд во лисици, кој се пожалил дека не може да дише.

Стотици демонстранти, од кои голем дел биле маскирани, ги исполниле улиците околу полициската станица во средата вечерта, недалеку од местото каде што бил уапсен Флојд, извикувајќи, „Нема правда, нема мир“ и „Не можам да дишам“.

Телевизиската снимка, направена од хеликоптер, покажува дека десетици луѓе ја ограбиле продавницата „Таргет“ и излегувале од неа со облека и колички полни со производи.

Пожар избувнал во неколку компании, меѓу кои и продавница за делови за автомобили.

Медиумите објавија дека мал протест, кој минал мирно, се одржувал и во предградијата, пред куќата на еден од полицајците кои учествувал во апсењето на Флојд.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на Твитер објави дека го повикал Федералното биро за истраги (ФБИ) да ја забрза истрагата, додавајќи дека ја цени работата на локалните полициски сили.

На собирот на граѓаните му претходело соопштението дека четворица полицајци вклучени во апсењето на Џорџ Флојд, кој починал во полицискиот притвор, биле отпуштени од работа.

Сестрата ја бара правдата

На информацијата дека четворицата полицајци биле отпуштени од работа, реагирала сестрата на починатиот Флојд, која смета дека тоа не е доволно, пренесува Ројтерс.

– Тие се убијци, го убија мојот брат и на нив мора да се изврши додатен притисок. Отпуштање од полиција не е доволно, изјавила Бриџит Флојд во емисијата Добро утро Америка на АБЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот