Милошоски: Луѓе блиски до власта купувале земја на трасата на коридорите, за да ја продаваат поскапо

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека партијата има информации оти луѓе блиски до првите функционери во Владата знаеле каде ќе поминуваат коридорите 8 и 10-Д и веќе купувале земјиште за подоцна да добијат многу повисоки цени при експропријацијата.

Тој смета дека евентуална меѓународна арбитража за Коридорите 8 и 10-д ќе се одвива според законите на Англија и Велс и дека „ова е напишано црно на бело во договорот меѓу „Бехтел-Енка“ и Владата“.

Милошоски во емисијата „Патот кон“ на „Алсат“ рече дека оваа согласност на Владата е во корист на конзорциумот.

Говорејќи за предложените законски измени поврзани со реализацијата на автопатиштата, Милошоски рече дека ваквите измени не ги забрзуваат работите, туку ги зголемуваат трошоците. Во однос на испраќањето на договорот со „Бехтел и Енка“ до Јавното обвинителство, Милошоски вели дека тоа се прави „со цел Владата да купи време и да избегне негово објавување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот