epa08730526 Serbia's Sergej Milinkovic-Savic (C) cheers after scoring the 0-1 goal during the UEFA Euro qualifying playoff semifinals soccer match between Norway and Serbia at Ullevaal Stadium in Oslo, Norway, 08 October 2020. EPA-EFE/Fredrik Varfjell NORWAY OUT

Милинковиќ-Савиќ останува во Ал Хилал до 2028 – по сезона заработува 30 милиони евра

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе продолжи да го носи дресот на Ал Хилал најмалку до летото 2028 година, откако потпиша нов договор со актуелниот шампион на Саудиска Арабија.

Според медиумите во регионот, врсниот играч за врска ќе заработува неверојатни 30 милиони евра по сезона, што ја прави понудата практично неодбиена.

Ал Хилал ја потврди веста на социјалните мрежи со порака:

 

„Приказната продолжува со Серџентео“, која за кратко стана вирална меѓу навивачите на клубот.

 

Милинковиќ-Савиќ (30) пристигна во Ријад во 2023 година од Лацио за сума од 40 милиони евра и веднаш успеа да се наметне како еден од носителите на играта. Досега има одиграно 105 натпревари, постигнато 31 гол и запишано 27 асистенции, а исто така придонесе за освојување на четири трофеи – шампионатот, Кралевиот куп и два саудиски Суперкупа.

По објавувањето на договорот, Сергеј изјави:

„Од првиот ден во Ал Хилал почувствував нешто посебно – навивачите, клубот, духот. Срцето ме врзува за ова место. Одлуката беше лесна: останувам, бидејќи славата никогаш не заминува.“

Продолжувањето на соработката со еден од најдобрите фудбалери на лигата е јасен сигнал дека Ал Хилал има намера да остане доминантна сила во саудискиот и азискиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот