Милевски утре ќе биде претставен како нов селектор на македонската А репрезентација

Фото: ФФМ

Како што најавуваат од Фудбалската федерација на Македонија в четврток (5 август) од 12.00 часот ќе се организира прес-конференција на која официјално ќе биде претставен новиот селектор на македонската А репрезентација, Благоја Милевски.

Во рамки на прес-конференцијата свои обраќања ќе имаат претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот Милевски.

Потсетување дека Милевски доаѓа како наследник на Игор Ангеловски кој по завршувањето на настапите на нашата селекција на Европското првенство ја напушти селекторската клупа.

Следните мечеви Македонија ќе има следниот месец во квалификациите за Светското првенство, против Ерменија, Исланд и Романија.

Се надеваме дека и со Милевски нашите најдобри фудбалери ќе ги продолжат успешно квалификациите и водиме битка за учество на Мундијалот 2022 во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот