Милан на лето добива нов тренер и спортски директор

twitter/Goals News

Од наредната сезона, тренер и спортски директор на „росоњерите“ ќе биде Германецот Ралф Рангник, тврди “Билд“.

Германскиот „Билд“ објави дека Стефано Пиоли е само преодно решение и ќе остане на клупата на Милан до крајот на сезоната без разлика на пласманот на „росоњерите“.

Весникот објави дека преговорите помеѓу челниците на Милан и Рафл Рангник се во завршна фаза, договорени се сите детали за соработката и во најскоро време се очекува и официјална промоција на германскиот стручњак.

Италијанскиот тим понудата ја испратил уште пред три месеци, Рангник тогаш тврдеше дека не преговара со Милан, но „денеска Билд објави дека преговорите траеле извесно време и конечно е договорено Германецот да биде тренер и спортски спортски директор со што тој ќе ја има контролата над трансферите .

Сопствениците на Милан, инвестицискиот фонд „Елиот“ се импресионирани од работата на Рангник со малите германски екипи како Хофенхајм и Лајпциг и неговата политика на евтино купување и скапа продажба и се надеваат дека истата филозофија ќе ја примени и во италијанскиот гигант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот