Мијалков направи иста „финта“ како Камчев, смени адреса и ќе лежи затвор во Струга

Сашо Мијалков / 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков ја промени адресата на живеење – тој сега е жител на Охрид и поради тоа ќе може да ја отслужи затворската казна во струшкиот затвор, објави Канал 5.

За промената скопскиот кривичен суд бил известен од адвокатот на Мијалков, а таа доаѓа пред судот да му даде документ со кој требаше да се јави во затвор, по спогодбата што ја постигна со Обвинителството за три години затвор за случајот „Империја“.

„По добиеното известување од МВР на ден 19.07.2022 година, предметот со комплет списите на истиот ќе биде одстапен на надлежност на Основен суд Охрид, како месно надлежен суд за постапување по конкретниот предмет.“- Основен кривичен суд Скопје.

До охридскиот суд, пак сè уште патуваат документите од Скопје. Потоа, судот во Охрид ќе треба да му даде упатен акт на Мијалков, за во затворот во Струга, каде се упатуваат осуденици до три години затвор. Тој затвор е од отворен вид и таму може само да се преноќува. Вака претходно направи и бизнисменот Орце Камчев, кој за „Империја“ се спогоди со Обвинителството на една година затвор и влезе во струшкиот затвор.

Со Мијалков, во ист ден за „Империја“ се спогоди и бизнисменот Тодор Мирчевски, на три години затвор. Скопскиот Кривичен суд за него, пак издаде упатен акт, според кој на 12 август тој ќе треба да се јави во скопскиот истражен затвор во Шутка.

И Мијалков и Мирчевски имаат законска можност да го одложат извршувањето на казните, но засега нема најави за тоа. Тие месецов се спогодија за случајот „Империја“, а Мијалков покрај затворската казна прифати и конфискација тешка речиси 36 милиони евра. Му беа конфискувани и 5,4 милиони евра, бидејќи не можеа да се конфискуваат фирмите каде што тој има удел, меѓу кои и во фирмата газда на хотелот „Мериот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот