Михајловиќ го продолжи договорот со Болоња

twitter.com/SimoBumBumCiao

На Србинот му остануваа уште две години од претходниот договор, но Болоња беше особено заинтересирана да го задржи.

Денеска италијанскиот клуб објави на својот официјален сајт дека ја продолжи соработката со својот досегашен тренер. Српскиот стратег Синиша Михајловиќ потпиша нов договор со екипата на Болоња кој ќе трае до 30 јуни 2023 година.

На Михајловиќ му остануваа уште две години од претходниот договор, но Болоња беше особено заинтересирана да го задржи. Србинот се врати во јануари 2019 година и му обезбеди опстанок на клубот во својата прва сезона, освои 30 бодови од само 17 натпревари.

Му беше дијагностицирана леукемија пред сезоната 2019/20, но е на пат кон закрепнување откако беше подложен на трансплантација на коскена срж.

Иако помошниците на Михајловиќ беа одговорни во поголем дел од оваа сезона, тој повторно се врати на тренинг центарот на Болоња.

Моментно екипата е на 10 место во Серија А и ќе ја продолжи сезоната во следниот понеделник со домашен натпревар против Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот