Михајловиќ е човек од челик, седум месеци по операцијата трча 10 километри и крева тегови

EPA-EFE/GIORGIO BENVENUTI

Тренерот на Болоња во италијанските медиуми зборуваше за борбата со леукемијата но и за операцијата на коскена срж.

На Синиша Михајловиќ пред повеќе од една година му беше дијагностицирана леукемија, но и покрај тоа Србинот ја предводеше Болоња на клупата со што го воодушеви фудбалскиот свет.

Подоцна имаше и операција на коскена срж и за време на пандемијата на коронавирусот.

– Тоа е мала работа за еден донор, но можете да замислите како се чувствувате кога ќе спасите живот на некого – вели Михајловиќ кој не престанува да воодушевува италијанската јавност.

– Сега се чувствувам добро, многу сум посилен од порано. Поминаа речиси седум месеци од трансплантацијата и се надевам дека најлошото е зад мене.

Михајловиќ потоа објасни во каква физичка состојба е во моментов.
– Овие денови можам да трчам 10 километри, кревам тегови и има моменти кога сум уморен. Затоа е многу важно да го слушате своето тело и да го правите тоа што е исправно. Немојте да изигрувате херои – додава Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот