Мицкоски демантира дека било прекинато интервјуто: Предизвикувачки е да се разговара со Чомовски

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Она што сакам да го демантирам, а и самиот новинар го демантира беа и оние лажни вести каде што провладините медиуми по нарачка едногласно веднаш оркестрирани испорачаа една вест дека сум го напуштил интервјуто, истакна Мицкоски.

Она што успеав да го прочитам по медиумите најдобро би било да се побара изјава од господинот Стевчо Јакимовски, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како одговор на новинарско прашање во врска во навредите и заканите кои ги упати Јакимовски на Фејснук кон новинарот Чомовски.

-Претпоставувам ќе има што да каже како одговор на прашањето на Саше Ивановски, но она што беше дел од тие 8 минути што беа прикажани на една телевизија а е поврзано со интервјуто што го дадов со новинарот Чомовски само би кажал да бидат граѓаните трпеливи и да ги поканам во текот на утрешниот ден кога ќе се емитува тоа интервју да го следат до крај и ќе добијат одговор на многу прашања.

Она што сакам да го демантирам, истакна Мицкоски, а и самиот новинар го демантира беа и оние лажни вести каде што провладините медиуми по нарачка едногласно веднаш оркестрирани испорачаа една вест дека сум го напуштил интервјуто.

-Би сакал оваа прилика да ја искористам и да дадам одговор и на таа лажна вест, навистина е предизвикувачки да се даде интервју, навистина е предизвикувачки да се разговара со новинарот Чомовски,  но ниту па некогаш ми паднало на памет ниту пак во иднина ќе ми падне на памет да напуштам било каков интервју, затоа што тоа е единствен начин во услови на тешка опозиција и единствен прозорец во јавноста како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да го соопштам ставот поврзани со актуелните политики во државата и ја користам секоја можност тоа да го направам. Така што навистина бев непријатно изненаден од таканаречените новинарски пера кои што лиферуваа лажна вест преку провладините  портали па истата подоцна беше демантирана од самиот новинар. Но еве ги повикувам сите да го проследат интервјуто во текот на утрешниот ден ќе добијат многу одгвори на тоа прашање- рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот