Мицкоски: Ковачевски и Груби на клоци ги исфрлија луѓето од Алтернатива, а тие ја спасија оваа влада

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: МИА

„Очекувам да има расправа по разрешувањето на тројцата министри од претходниот состав на владата на Димитар Ковачевски. Утре во 10 часот ќе имаме координација со пратеничката група на која ќе присуствувам и јас и таму ќе ги заземеме позициите кои потоа ќе треба да се бранат на собраниската седница“ изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, околу утрешната седница за реконструкција на владата.

Мицкоски рече дека „ова е сѐ, само не човечки политички и морален чин“ и додаде дека антидатирањето на документите е криминал и вети дека „некој за тоа еден ден ќе одговара“.

Во однос на Алтернатива, Мицкоски посочи дека токму тоа беше партијата која на крај на 2021 година ја спаси оваа влада на ДУИ поддржана од СДСН за да може да продолжи криминалот, а сега ја бркаат од Владата.

„Тоа само говори колкав е моралниот и човечкиот капацитет на овие луѓе. ќе потсетам дека после ноемвриските настани во 2021 година, Африм Гаши и Алтернатива беа тие кои ја спасија владата на ДУИ, поддржана од СДС. Сега Ковачевски и Артан Груби одлучија буквално со клоци да ги исфрлат луѓето од Алтернатива кои го продолжија овој криминален политички неморал на владата на ДУИ поддржана од СДСМ“ – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот