Метју Меконахи раскажа како изгубил повеќе од 20кг за легендарната улога во „Dallas Buyers Club“

Актерот Метју Меконахи сподели како изгубил над 20 килограми за легендарната улога во филмот „Dallas Buyers Club“, потсетувајќи се на процесот на трансформација.

Неговата диета вклучувала само риба, белки од јајца, пудинг од тапиока и како што вели тој „онолку вино колку што сакав да пијам“.

Не се измачував. Бев воинствен. Најтешкиот дел беше да го направам проклетиот избор“, рече Меконахи во емисијата „The Joe Rogan Experience“.

Instagram

Меконахи го играше ликот Рон Вудруф, човек на кој беше дијагностициран со ХИВ во 4 фаза во средината на 80-тите години на минатиот век, за чија улога актерот доби Оскар во категоријата за „Actor in a leading role“.

Instagram

Актерот во разговор со Роган кажа дека сакал да ја изгуби многу од својата тежина за да ја покаже реалноста на живеење со ХИВ во напредни фази, оддавајќи му почин на животот и наследството на Вудруф.

Тоа беше моја одговорност. Ако изгледав како што изгледам сега и го играв Рон Вудруф од „Dallas Buyers Club“, гледачите би биле надвор од првата рамка на филмот“, рече Меконахи.

Instagram

Метју за пет месеци од 85 килограми се симнал на 61. Актерот рече дека јадел риба за ручек и вечера, мали количини зеленчук со секој оброк и белки од јајце за појадок. Неговото секојдневно задоволство било само мала количина пудинг од тапиока.

Instagram

Најдов пудинг од тапиока и најдов најмала античка лажица во Њу Орлеанс за јадењето да трае подолго“, изјави Меконахи пред топлпата новинари во 2014 за време на „Screen Actors Guild Awards“.

Сцена од филмот „Magic Mike“ / Instagram

Тоа не е прв пат Метју да си го „трансформира“ телото за улога. Тој мораше да „набилда“ мускулна маса за неговата улога во филмот „Magic Mike“ каде повторно имаше неверојатни резултати од напорните тренинзи.

Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот