Метео: Сончево и студено време со минимални температури до -11 степени целзиусови

Студено време / Фото: МИА

Времето денеска ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3 степени, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -7 степени, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот