Меси: Заминувањето од Барселона беше промена која не ја барав

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Лионел Меси уште еднаш призна дека му било тешко да ја напушти Барселона, а најави и кога би можел да ја заврши кариерата.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња не кажа кога конкретно кога тоа ќе се случи, но истакна дека ќе го препознае тој момент и дека нема да игра подолго отколку што е потребно.

„Знам дека оној момент кога ќе почувствувам дека повеќе не можам даи грам, кога ќе почувствувам дека повеќе не уживам или ако не можам да помогнам на соиграчите, ќе ја завршам кариерата. Многу сум самокритичен. Знам кога сум добар, а кога лош, кога играм добро, кога лоо“, изјави Меси во еден подкаст, пренесе „Еуроспорт“.

Најголемиот дел од кариерата Меси помина во дресот на Барселона од каде што во 2021 година направи трансфер во Пари Сен Жермен. Во францускиот клуб се задржа две години, по што следуваше преселба во Интер Мајами.

Со репрезнетацијата на Аргентина во 2022 година го освои Светското првенство во Катар, а во 2023 година ја доби рекордната осма „Златна топка“.

„Кога ќе почувствувам дека е време да го направам тој чекор ќе го направам не мислејќи на годините. Ако се чувствувам добро, секогаш ќе продолжам да се натпреварувам, бидејќи тоа е она што го сакам и она што знам да го правам“, истакна Меси.

Поради финансиски проблеми не можеше да го продолжи договорот со Барселона и како слободен играч премина во ПСЖ. Тој призна дека никогаш не сакал да ја напушти Барселона и дека му било многу тешко.

„Беше тешка промена бидејќи ми одеше многу добро во Барселона и мислев ќе останам таму. Не бев спремен да си заминам, се случи се многу брзо. Морав одеднаш да влезам во друг живот. Тоа беше промена која не ја барав и поради тоа ми беше тешко“, објасни Аргентинецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот