Меси има една желба која нема да му се исполни

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, во интервју за телевизјата „La Sexta“ откри дека има само една желба која никогаш нема да му се исполни –  да биде анонимен. Аргентинецот е свесен за својата слава и полуларност, но вели дека му недостасува приватноста.

– Прифаќам се, свесен сум и благодарен на поддршката која ја има низ целиот свет, но би сакал да бидам анонимен. Да можам со децата слободно да одам во кино, во продавница, во ресторан… Знам дека сум привилегиран поради животот кој го имам, но постои и друга страна – мојот живот не е само моја работа – изјави Меси.

Меси во интервјуто зборуваше и за работата со двајца тренери кои според него се фантастични.
– Пеп Гардиола имаше нешто специјално, тешко е тоа да се објасни. Имаше неверојатен пристап кон играчите, неговите тактички замисли и реакции беа едноставни, продуктивни и на секого му беше јасно што треба да направи на теренот и како да дојдеме до резултат. И Луис Енрике беше сличен на Пеп. Од двајцата научив како да го разбирам фудбалот и благодарение на нив напредував како фудбалер – изјави Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот