Меркел: Ограничувањата на фундаменталните права се удар врз демократијата, но тие беа неопходни

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги опиша ограничувањата на фундаменталните права за време на пандемијата на коронавирусот како удар врз демократијата, но нагласи дека тие беа неопходни.

Во говорот по повод Денот на Уставот, таа изрази рабирање за загриженоста на граѓаните за одземањето на нивните права за време на пандемијата.

– Тие мерки беа неопходни и ние се чувствуваме одговорни за достоинството на народот – истакна Меркел, пренесува ДПА.

Според нејзините зборови, тоа вклучува и спречување на загушување на здравствениот систем, што не се случило.

– Сега мораме да објасниме зошто некои рестрикции уште не се укинати, а зашто некои се ублажени и укинати – додаде Меркел.

Таа нагласи дека пандемијата претставува посебен предизвик можеби најголем во последните 71 година, односно од усвојувањето на Уставот на 23 мај 1949 година.

Во Германија до денес се регистрирани повеќе од 177.700 случаи на инфекција со коронавирус, додека најмалку 8.199 луѓе починале, пренесува ДПА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот