Мексико му понуди азил на боливискиот претседател Ево Моралес

Фото: EPA-EFE/STR

Шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард изјави дека неговата земја ќе му понуди азил на боливискиот претседател Ево Моралес, кој синоќа поднесе оставка на функцијата, доколку тој тоа го побара од нив.

Мексиканската Влада, предводена од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, силно застана во одбрана на боливискиот претседател Моралес, пренесуваат британските медиуми.

Мексико го поздрави „ одговорниот став на претседателот на Боливија кој попрво избра да поднесе оставка отколку да го изложи својот народ на насилство”, соопшти Лопез Обрадор на Твитер.

Мексико меѓу првите му ја честиташе на Моралес победата на изборите, на 20 октомври, и покрај отворените прашања за резултатите, потестуваат британските мдиуми.

Ебрард изјави дека Мексико не ја прифаќа, како што кажа, воената операција што се спроведува во Боливија и дека не смее да дојде до пуч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот