Мексиканска новинарка брутално ликвидирана пред својот дом

Фото: Фејсбук

Мексиканска новинарка Норма Сарабија убиена е на југоисток во земјата и така стана шестиот новинар кој е убиен во Мексико од почетокот на оваа година, пренесуваат локалните медиуми.

Според првичните информации, напаѓачите од мотор во движење пукале во Сарабија во близина на нејзиниот дом во градот Имангило, а потоа побегнале од местото на настанот.

Убиената новинарка 15 години работела за весникот Табаско, а од пред некое време и за други локални медиуми.

Мексико е третата најопасна земја во светот за новинари, после Сирија и Авганистан, каде од 2000 година биле убиени повеќе од 1.000 новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот