Мексиканец се налутил откако го избркале од бар па го запалил локалот, 11 луѓе загинале

Запален локал во Мексико / Фото: Alberto De la Hoya / AFP / Profimedia

Мексиканските власти соопштија дека уапсиле маж осомничен дека намерно подметнал пожар во бар во мексиканската држава Сонора во кој загинале 11 лица. Пожарот избувнал во 01:33 часот во саботата во бар во Сан Луис Рио Колорадо, во близина на границата со САД, пишува Си-Ен-Ен.

Меѓу жртвите има и 17-годишно момче и американски државјанин, изјави на прес-конференција Густаво Ромуло Салас Чавез, државниот правобранител на Сонора, додавајќи дека се обидуваат да утврдат дали починатата Американка имала и мексиканско државјанство.

Надлежните изјавија дека осомничениот бил во тешка алкохолизирана состојба кога го подметнал пожарот и дека фрлил запален предмет на вратата од локалот откако обезбедувањето го исфрлило од шанкот. Сведоците наведуваат дека осомничениот бил исфрлен од барот затоа што се однесувал непристојно кон жените“, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителството наведува и дека мажот фрлил нешто слично на молотов коктел во барот и дека тоа го предизвикало пожарот. Покрај 11-те загинати, во пожарот се повредени и најмалку шест лица. Едно лице сѐ уште е во болница, две се пуштени, додека три се префрлени на лекување во американските болници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот