Мекларен го „украде“ „Монстер“ од Мерцедес

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER / POOL

Tимот на Мерцедес во Формула 1 има лоша сезона во која не беше на нивото на Ред Бул, а тоа донесе и проблем за германско-британскиот тим. Имено, Мерцедес останал без својот спонзор „Монстер“.

Брендот познат по енергетски пијалоци не заминува од Формула 1 шампионатот туку се префрла во таборот на Мекларен каде што Оскар Пјастри и Ландо Норис важат за сензација на сезоната 2023.

Логото на „Монстер“ ќе се појави на кацигите, качкетите и шишињата за освежување на возачите, односно ќе го добие местото на „Кока кола“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот