Мекинро: Иванишевиќ на теренот беше полуд од мене

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Горан Иванишевиќ денеска и официјално стана член на тениската Куќа на славните во Њупорт. Честа да го внесе актуелниот тренер на Новак Ѓоковиќ ја имаше легендарниот американски тенисер Џон Мекинро кој беше идол на Иванишевиќ.

– Го сакам Горан Иванишевиќ и неизмерно сум возбуден што можам да воведам во Куќата на славните некој за кого може да се каже дека на теренот беше полуд од мене. Многу пати играв против него, многу пати ги гледав и коментирав неговите мечеви и можам да кажам дека дека постојано „ме држеше“ за столчето бидејќи не знаев што ќе се случи следно, а не сум сигурен дека и тој знаеше. Неговата непредвидливот е една од причините поради кои го сакавме и зошто беше тешко да се игра против него – изјави Мекинро.

Ниту Иванишевиќ не му остана должен на својот идол за убавите зборови:
– Не мислам дека сум полуд од тебе, но сум многу блиску. Те сакам, го сакам твојот тенис и ти си причината зошто почнав да играм тенис, и да многу пати те победив.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот