Мекгрегор „пишман аџија“

EPA-EFE/ARMANDO ARORIZO

Поранешниот УФЦ борец Конор Мекгрегор, им се враќа на борбите само девет дена откако го објави своето пензионирање. Неговиот тренер Џон Каванах им откри на медиумите дека Ирецот секој ден тренира и набрзо се очекува неговото враќање на борбите.

– Луѓето кои го следат Конор на социјалните мрежи набрзо ќе видат дека тој се враќа, неговата мотивација е на највисоко ниво, секој ден е во сала и тренира – изјави Каванах.

Веста дека се враќа подоцна ја потврди и самиот Мекгрегор со своја објава на Твитер.
„Сакам да продолжам понатаму, заедно со љубителите на различни религии и националности. Сите религии нè учат да сме посветени. Имаме еден свет и тој е за сите. Се гледаме во октагонот“ напиша Мекгрегор на Твитер.

Ирскиот професионален УФЦ борец има 25 борби во ММА на кои забележа 21 победа. Неговата последна борба беше на 6 октомври 2018 година против Русинот Хабиб Нурмагомедов, кога беше нокаутиран во четвртата рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот