Мејведер заработи речиси милијарда долари во последната деценија

инстаграм

„Форбс“ е магазин кој излегува дури 102 година и кој привлекува големо внимание во јавноста со своите листа на најплатени спортисти и највлијателни личности во сите сфери.

Очекувано спортистот со најголема заработка во периодот од 2010 до 2019 година е Флојд Мејведер кој заработи дури 915 милиони долари. Боксерот во целост го оправда прекарот „Money“ (пари), а највеќе заработи во мечевите со Ману Паквајо и со Конор Мекгрегор, а во пензија замина со перфектен учинок, 50 победи во 50 мечеви.

На второто место на листата на „Форбс“ се наоѓа фудбалерот на Јувентус и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо кој заработил 800 милиони долари, додека на третото место е уште еден фудбалер, Лионел Меси со 750 милиони долари.

На четвртото место е Леброн Џејмс кој играјќи за Мајами хит, Кливленд кавалирс и ЛА Лејкерс заработи 680 милиони долари.

Петти е Рожер Федерер со 640 милиони долари, а наредните две места им припаднаа на голфери, Тајгер Вудс (615 милиони) и Фил Микелсон (480 милиони). На осмото место се најде единствениот боксер кој бил шампион во дури осум категории, Ману Паквајо со 435 милиони.

Листата на 10. спортисти со најголема заработка во изминатата деценија ја комплетираат НБА кошаркарот Кевин Дурант (425 милиони) и шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон со заработени 400 милиони долари. Американската тенисерка Серена Вилијамс е единствената жена спортистка меѓу 40. најдоброплатени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот