Меѓународниот суд му нареди на Израел да направи сè што може за да се спречи геноцид во Газа

МСП седница за Израел и Газа / Фото EPA-EFE/Remko de Waal

Меѓународниот суд не му нареди на Израел да ја прекине својата офанзива во Газа, туку побара од него да стори сé што е во негова моќ за да спречи акти на геноцид.

Меѓународниот суд на правдата (МСП) пресуди дека има јурисдикција да ги сослуша аргументите на обвинителството за геноцид и го отфрли барањето на Израел да го отфрли случајот. На Израел му е наредено да ги преземе сите мерки во негова моќ за да спречи геноцид, пренесува Би-Би-Си.

На сослушувањето пред Меѓународниот суд на правдата, познат и како Светски суд, Јужна Африка побара итно запирање на израелската воздушна и копнена офанзива врз палестинската енклава, чија цел е „депопулација“ на Газа.

Со 16 гласа „за“ и еден „против“, судот одлучи дека Израел мора да ги преземе сите мерки во рамките на своите овластувања за да ги спречи и казни оние кои се вклучени во поттикнувањето геноцид.

„Судот смета дека катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа е во сериозен ризик од дополнително влошување пред судот да ја донесе својата конечна пресуда“, рече судијката Џоан Доногју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот