Меган се уште не добила британско државјанство: „Многу се бавни…“

Војвотката од Сасекс Меган Маркл (38) се уште чека британско државјанство иако се пријавила пред две години. Барањето го предала недолго откако се верила за принцот Хари, а Кенсингтонската палата во тоа време и порачала на Меган дека ќе ја третираат како сите други, пишува Дејли Мејл.

Меган се уште не е британска државјанка. Можеби тоа е необично бидејќи веќе 18 месеци е во брак со кралскиот внук, но го прифатила фактот дека процесот за добивање на државјанството едноставно е бавен – изјави пријателот на Меган.

Profimedia

Постојат неколку начини на кои може да се поднесе барање за државјанство, а Меган се пријавува како сопруга на британски државјанин. Доколку некој дојде во земјата како вереник на британски државјанин, мора да се венча во рок од шест месеци, што војвотката и го направи.

Чекањето на државјанство за Меган значи дека нема да може да гласа на било какви избори во Англија. На членовите на кралското семејство им е дозволено да гласаат иако тие традиционално не излегуваат на избори. Меѓутоа, досега веќе се покажа како војвотката е подготвена да им пркоси на кралските конвенции. Портпаролот не сакаше да ја открие информацијата дали Меркл ќе гласа на претседателските избори во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот