Меган Маркл повторно љубоморна: Хари оди на прослава кај БИВШАТА ДЕВОЈКА

Биле во повеќегодишна врска, а се зборувало и дека ќе се венчаат. Британската јавност ја обожавала, а кралското семејство го ценело нејзиното почитување на правилата на однесување, но нивната љубов сепак не се одржала.

Кресида Бонас и принцот Хари биле три години во врска, а прекинале бидејќи на Кресида ѝ било преголемо оптоварување да стане војвотка. По неа, Хари се сапознал со Меган, а Кресида му се вратила на поранешното момче за кое наскоро ќе се мажи.

Хари и Кресида останале пријатели, а таа била гостинка на неговата венчавка со Меган. Сега одлучила да му ја возврати поканата и да го покани на нејзината венчавка.

Потврдено е дека Хари дефинитивно ќе се најде на листата на гости, но се поставува прашање дали ќе дојде и Меган.

Извори блиски на кралското семејство тврдат дека Меган е прилично љубоморна и дека не се чувствува пријатно во друштво на неговите поранешни девојки.

Наводно војводката не била одушевена кога дознала дека Кресида ќе дојде на нивната венчавка и затоа била поканета само на церемонијата во црквата, а ѝ било забрането да дојде на приватната забава.

kresia sa verenikom
profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот