Меџити преку онлајн платформа бара име на новото движење

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Иницијаторот на новото движење Изет Меџити бара кум за името на новиот политички субјект, кој според најавата треба да го официјализира на 13 август – денот на потпишувањето на Рамковсниот договор. Тој ги повика граѓаните да ги кажат своите предлози за името како и за слоганот на движењето на онлајн-платформата која ја актувираше вчера.

Според објавата на Фејсбук, Меџитидава насоки дека  името на новиот политички субјект треба да ги одразува вредностите, мисијата и целта за подобра иднина.

„Почитувани граѓани, за да создадеме подобро, поправедно и понапредно општество, потребна ни е вашата поддршка и придонес, бидејќи вие ќе бидете вистинскиот партнер во дејствувањето и функционирањето на новото движење. Затоа, ве покануваме да ни се придружите со вашите идеи и визија и заедно да ја направиме промената што сакаме да ја видиме во општеството. Од денес ви ја претставуваме нашата онлајн платформа www.levizja.mk, преку која можете да го искажете вашето мислење,  како и да дадете ваш предлог за тоа како треба да се вика новото движење и неговиот слоган кој треба да ги одразува вредностите, мисијата и целта за подобра иднина, која сите ја посакуваме, каде во фокус е народот и само народот“, напиша Меџити.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот