Фото: ТВ24 / принтскрин

Меџити објасни зошто го разрешил д-р Јовев: „Станува збор за злоупотреба на работното време“

Министерот за здравство Фатмир Меџити во вечерашното интервју на телевизијата „24“ го коментираше и разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија, професор доктор Сашко Јовев.

„Мораме, ако сакаме да имаме силна држава, да имаме силно здравство. Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме таков луксуз, за такво нешто. Нема да дозволиме такви директори“, рече Меџити.

Д-р Јовев претходно во изјава за „Фокус“ рече дека една од причините е што одбрал датум за јавен настан кој бил предложен од премиерот Димитар Ковачевски, а не од министерот Меџити.

„Пред една недела отворавме хибридна сала и слободно можам да кажам дека е единствена ваква во регионот. Меѓутоа, на самиот настан требаше да присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски и министерот Меџити. Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога да се официјално пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на бројните активности што ги има. Се одлучивме за таа дата и тука се налути министерот, кој не се појави на самиот настан“, рече Јовев за „Фокус“.

Меџити на ТВ „24“ додаде дека инспекцијата утврдила неправилности и „големи злоупотреби“ на Клиниката за кардиологија и затоа потпишал решение за разрешување на, како што рече, „почитуваниот професор д-р Јовев“, кого „како доктор многу го почитува“.

Меџити го разреши директорот на Клиниката за каридохирургија: Не толерирам директори кои седат и спијат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот