Медиуми во САД: Изборот на Бајден за нов американски државен секретар ќе падне на Ентони Блинкен

Ентони Блинкен / Фото: EPA/LYNN BO BO

Ентони Блинкен е можен кандидат за функцијата на американски државен секретар во новата администрација на Џо Бајден, наведуваат неколку извори кои се запознати со ситуацијата.

Американските медиуми јавуваат дека Блинкен (58) веќе работел во Стејт департментот како заменик државен секретар и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и тесно е поврзан со Бајден.

Блинкен, исто така, бил член на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон, пред да стане шеф на канцеларијата на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, кога Бајден го предводеше комитетот, и кратко време потоа беше советник за безбедност на тогашниот потпретседател Бајден.

Како што претходно е најавено, Бајден од утре ќе почне да ги објавува имињата на кандидатите за неговиот кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот