Меџик го напушти ЛА Лејкерс

EPA-EFE/MICHAEL NELSON

Меџик Џонсон по само една и половина година одлучи да си замине од ЛА Лејкерс. Тој беше претседател на кошаркарски операции во славниот клуб, но откако тимот не успеа да обезбеди пласман во плејофот иако во своите редови го има Леброн Џејмс, Џонсон си поднесе оставка.

– Плачев пред да дојдам тука, и сега повторно ќе се расплачам. Тешко е кога ја сакааш оваа организација како што јас ја сакам. Тешко е кога сакаш личност како Џени Бас. Не сакам да ја разочарам – изјави Џонсон.

Легендарниот кошаркар на ЛА лејкерс им призна на новинарите дека за својата одлука не ја известил сопственичката Џени Бас, ниту генералниот менаџер Роб Пелинка плашејќи се дека би бил наговорен да остане во тимот.

– Секогаш ќе бидам тука за Џени. Ќе и биде тешко кога ќе го слушне ова, го разбирам тоа но и мене ми беше тешко да ја донесам оваа одлука – изјави Меџик Џонсон.
Последна одлука која Џонсон ја донесе како прв човек на организацијата е отказот за тренерот Лук Волтон кој не успеа да ја однесе екипата во плејофот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот