„Медена земја“ – номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Денеска (9 ноември) во Севиља, Шпанија беше соопштено дека македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата – најдобар европски документарец за 2019 година.

На овој потесен избор, пред три месеци му претходеше селекцијата на „Медена земја“ меѓу 12 филмови – најсериозни кандидати за оваа награда.

За оваа селекција одлучуваат гласовите на 3600 членовите на ЕФА. Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин, Германија.

„Медена земја“ деновиве освои многубројни нови престижни награди.

На 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил филмот доби две признанија: награда на критиката за најдобар филм во меѓународната конкуренција и награда од жири за најдобар документарец во категоријата „Нови режисери“. Ја доби и главната награда на фестивалот Festival Ânûû-rû Âboro во Нова Каледонија, Океанија, потоа „Golden Gateway“, наградата за најдобар филм во меѓународната конкуренција на Jio MAMI Mumbai Film Festival with Star во Мумбај, Индија.
Се закити со специјалната награда од жири на меѓународниот фестивал на документарен филм „West Lake“ кој се одржува во Ханчоу во Кина. Следуваа: наградата од публика за најдобар филм на фестивалот во Луксембург, CinEast Festival, специјалната награда на Festival Cinemed во Монпелје, Франција и специјална награда за документарен филм на фестивалот „Девоур“ во Канада.
На 64. издание на меѓународниот филмски фестивал во Ваљадолид ја доби наградата „Espiga Verde“ – за најдобар филм во категоријата „Cine y Cambio Climático“ во која се прикажуваа филмови кои го третираат проблемот на климатските промени и природните ресурси.

Прочитајте и...  ОН го поздрави договорот меѓу Израел и ОАЕ, Иран го оквалификува како срамен

Неодамна филмот беше прикажан на „Док Лајпциг“ во Лајпциг, Германија и на „Виенале“, интернационалниот филмски фестивал во Виена, Австрија.

Претстои учество на филмскиот фестивал AJYAL во Доха, Катар, и на „Синевропа“ – фестивал во Сантјаго де Компостела, во Шпанија. „Медена земја“ ќе биде дел и од официјалната селекција на IDFA – најголемиот фестивал за документарен филм во светот кој се одржува во Амстердам, Холандија. Тоа, воедно, ќе биде и холандска премиера на филмот.

Режисерите и главната протагонистката во „Медена земја“ – Атиџе Муратова деновиве се во Њујорк, каде што на 10 ноември во Бруклин ќе бидат доделени наградите Избор на критиката за документарци (Critics’ Choice Documentary Awards). Филмот е номиниран во категориите: најдобар филм, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобар документарец на тема наука или природа. На церемонијата на Атиџе ќе ѝ биде врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

Прочитајте и...  Ахмети: Разговорите за формирање влада продолжуваат, ДУИ е фактор на стабилност за државата

На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) во САД ја доби наградата „Pare Lorentz“. „Медена земја“ е номиниран во уште три категории (најдобар документарен филм, најдобра режија и најдобра кинематографија), а победниците ќе бидат објавени на 7 декември во студијата на „Парамаунт“ во Лос Анџелес.

Во моментов во тек е и промотивната кампања на филмот за номинации за оскар, која е поддржана од Агенцијата за филм.

Прочитај повеќе

Бројот на заболени во Полска надмина 54 илјади, во еден ден уште 811 заразени

Слободен печат

Ракетен напад во Ирак: Три ракети паднаа во американска воена база

Слободен печат

Пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно

Слободен печат

Бразил заинтересиран за руската вакцина, но бара повеќе информации

Слободен печат

ОН го поздрави договорот меѓу Израел и ОАЕ, Иран го оквалификува како срамен

Слободен печат

Денеска во САД 1.500 починати и над 56 илјади новозаразени со коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Москва предупреди за прераспоредувањето на американските трупи во Европа

Слободен печат

Амбасадите на Белорусија во Москва и Киев под опсада: Најмалку шест лица уапсени (ВИДЕО)

Слободен печат

Трамп објави бизарен спот против Бајден, алудира дека е педофил (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Албанија за 10 дена – 1.714 новозаразени со Ковид-19

МИА Агенција

Помпео во Виена, правата средба закажана со Курц

Слободен печат

Синот на Хашим Тачи повреден во сообраќајна несреќа на Косово

Слободен печат