„Ме претепа поради мајка му“: Се огласи сестрата на хрватската инфлуенсерка

Фото: Инстаграм, Уна Каблар

По потресната објава на хрватската инфлуенсерка Уна Каблар, во која сподели дека сестра ѝ Сара Хаџиќ е жртва на семејно насилство, денеска се огласи и нејзината сестра.

Во разговор за српскиот медиум „Курир“, младата жена раскажала дека главната причина поради која нејзиниот сопруг Дамјан Хаџиќ брутално ја претепал е кавга за неговата мајка.

„Сопругот ме претепа поради кавга, која како и секогаш, изби поради неговата мајка. Таа ни се мешаше во односот, постојано го наговараше против мене и мојата мајка и навистина чудно се однесуваше кон него.

Се каравме со денови, а сега ми ја удри главата од плочки.

Мајка му на Дамјан често го советуваше како да се однесува со мене, како да ѝ пречеше што тој има сопруга и дете. Тој за време на кавгата почна да го навредува моето семејство, па јас му возвратив во иста мерка и прокоментирав нешто за неговата мајка. Почна да ме брка, да ме дави, а потоа ме фрли на плочките и почна да ме удира од нив.

Најмалку 15 пати ме удри со рацете по глава сè додека не се онесвестив.

Порано вакво нешто се нема случено. Се случило само да ме турне за време на кавга.

Инаку и нашето бебе имаше модринки, но мислам дека тие беа од претходниот ден додека тој ја лулаше нашата ќерка, а таа плачеше и беше нервозна поради грчевите. И тој беше исто така нервозен, па се сомневам дека тогаш ја стискал за задникот. Имаше модринки на него“, споделила младата жртва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Una Kablar (@uki_q)

И мајката на Сара, Данијела Маринковиќ даде изјава за истиот медиум во која тврди дека нејзиниот зет ја давел ќерка ѝ цели 15 минути.

„Вознемирена е, тешко голта од отокот, не се сеќава на сè. Вакво нешто не очекувавме, тој изгледаше како добро и фино момче, посериозно од своите врсници, постојано постеше и често одеше во црква, а испадна дека е монструм. Сакам да апелирам и другите жени да пријават насилство, за на ниту едно семејство да не му се случи тоа што ни се случи нас“, изјавила Маринковиќ за „Курир“.

Во последните 24 часа, сестра ѝ Уна добила бројни „престрашни и језиви фотографии“ од девојки и жени кои биле жртви на семејно насилство.

„Боли кога ги гледате, многу боли… Не смееме да застанеме, јас нема да застанам, не се случува само таму далеку, утре може да ти се случи и на тебе или на некој твој близок. Не молчи! Стоп за насилството“, напиша Уна на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Una Kablar (@uki_q)

Сопругот на Сара е уапсен и одредена му е мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека извршил семејно насилство. Засега му е доделена забрана за пристап до Сара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот