Мбапе од утре би можел да биде нов играч на Реал Мадрид

Французинот има желба да се пресели во „кралскиот“ клуб/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Многу шпекулации се вртат околу иднината на францускиот репрезентативец кој има уште една година од договорот со ПСЖ, но летово би можел да ја промени средината.

Еден од најдобрите напаѓачи во светот Килијан Мбапе веќе утре би можел да стане нов играч на Реал Мадрид, пренесува шпанската „Марка“.

Веста дополнително ја пренесоа и другите медиуми кои донесоа некои нови информации, па некои тврдат дека францускиот репрезентативец всушност ќе дојде во шпанската престолнина следниот викенд за да ги помине лекарските прегледи и доколку помине биде добро, тогаш ќе потпише договор со „кралскиот“ клуб.

Околу оваа тема зборуваше претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи:

– Договор на Мбапе со Реал Мадрид? Ќе зборувам подоцна? Секогаш не е правото време, работам. Ќе зборувам подоцна – рече Ал-Келаифи за „Марка“.

ПСЖ одреди цена од 200 милиони евра за услугите на Мбапе, но на сите им е јасно дека не можат да добијат толку, бидејќи играчот одби да потпише нов договор со нив.

Првиот човек на Реал, Флорентино Перез веќе им испрати на „светците“ понуда од 160 милиони евра за напаѓачот, но таа беше одбиена без размислување. Следната понуда очигледно ќе треба да биде подобра и повисока, но не толку колку што бара францускиот клуб.

Војна на Реал и ПСЖ: Мбапе може да си оди само под наши услови

Што се однесува до самиот Мбапе, тој веќе одлучи дека сака да ја продолжи кариерата во Реал и веќе ги договори личните услови со челниците на клубот.

А желбата на играчот ја потврдува и угледниот шпански новинар Марио Кортегана кој вели дека трансферот би можел да се реализира уште во петок.

– Многу е веројатно дека ситуацијата околу Мбапе ќе се реши утре и тој би можел да стане нов играч на Реал Мадрид – напиша Кортегана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот