Војна на Реал и ПСЖ: Мбапе може да си оди само под наши услови

Фудбалерот го истера своето, го натера ПСЖ да попушти и да му дозволи да се пресели во Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Францускиот ПСЖ кој мотивиран од катарските петродолари често ја покажуваше својата финансиска моќ на фудбалскиот пазар, а тоа најдобро го почувствува Барселона кога остана без Нејмар, а сега и без Лионел Меси.

Но, се чини дека катарските шеици кои се сопственици на ПСЖ не се „главните“ во светот на фудбалот и дека има некој помоќен од нив, тоа е клубот кого сите не без причина го нарекуваат „кралски“, Реал Мадрид.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо призна дека Килијан Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид и додава дека клубот нема да му прави проблеми доколку не сака повеќе да биде во Париз, но нема да го пуштат доколку не им се исплати финансиски.
Единствено што Леонардо не го открива е висината на понудата која ќе ги натера да дозволат Мбапе да си замине од „Паркот на принцевите“.

Првата понуда на Реал Мадрид изнесуваше 160 милиони евра, а медиумите шпекулираат дека челниците на ПСЖ очекуваат понуда тешка најмалку 180 милиони евра, сума која ја платија во 2017 година за да го донесат Мбапе од Монако.

– Не се огласувавме многу во јавноста по ова прашање, но нашиот став беше да го задржиме Килијан и да го продолжиме договорот. Тоа отсекогаш беше наша цел. Му претставивме две исклучителни понуди, една пред два месеци и една неодамна. Сакавме да му покажеме дека е важен играч за нас, дека е во центарот на нашиот проект, но и дека не е над клувот – вели Леонардо за Радио Монте Карло.

Мбапе ги одби понудите по што Реал Мадрид веднаш стапи на сцена со првата понуда. Леонардо не е среќен како се одвиваа работите и упати сериозни критики кон „кралскиот клуб“ бидејќи смета дека тие ова го прават со јасен план.

Ова се ми изгледа како стратегија, да добијат негативен одговор од нас за да покажат дека се обиделе буквално сè, а потоа да почекаат една година и да го добијат бесплатно. Реал веќе две години се однесува така, тоа не е фер, дури е и нелегално бидејќи веќе контактираа со фудбалерот. За нас тоа е неприфатливо, тоа што понудата пристигна една година пред истекот на договорот и седум дека пред крајот на преодниот рок е доказ дека се ова е страгетија на Реал. Тие сакаат да ја одбиеме понудата само за да докажат дека се обиделе се и веднаш да почнат да преговаат за следната сезона – додава Леонардо кој исто така откри дека понудата од 160 милиони евра е одбиена.

– Да, усно ја одбивме. Но, никого нема да задржуваме против негова волја. Доколку некој сака да си оди, а нашите услови бидат исполнети ќе видиме. Меѓутоа ова лето ни се оствари сонот со играчите кои ги донесовме и нема да дозволиме некој да го уништи тој сон. Дел од парите ќе заминат на сметка на Монако, така што оваа понуда не е доволна и исто така сметаме дека Килијан вреди многу повеќе – додава Леонардо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот