Маж починал откако се обидел со лек против маларија да лекува коронавирус

Маж на околу 60 години почина откако земал антималариски лек без рецепт за лекување од Ковид-19, се наведува во соопштението на американската здраствена компанија „Банер хелт” (Banner Health).

Мажот почина, а неговата сопруга е во критична состојба откако земале хлорохиден фосфат, што се користи и како додаток за чистење на аквариумите. Во рок од 30 минути брачната двојка покажала нусефекти, се посочува во соопштението.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека антималариските лекови потенцијално можат „да ја сменат играта” со новиот коронавирус и оти лекот се препорачува во Њујорк и други места. Додека Трамп пред три дена изјави дека можат „веднаш” да се користат заедно хидроксихлорокин и азитромицин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот