Маж од Алексинац загина во експлозија на бомба, неговиот осумгодишен син е повреден

Според првичните информации загинатиот Милорад А. му ја покажувал бомбата на својот осумгодишен син. Се претпоставува дека од невнимание ја активирал експлозивна направа.

Во семејна куќа во Тешица, село во општината Алексинац (Србија) во експлозијата загина 45-годишен маж, а осумгодишно момче е полесно повредено.

Инцидентот се случил во семејната куќа на Милорад А., во која тој живеел со сопругата, ќерката и синот.

Соседите изјавиле дека дошло до голема експлозија и дека веднаш повикале полиција и итна помош од Здравствениот дом во Алексинац.

Според првичните информации загинатиот Милорад А. му ја покажувал бомбата на својот осумгодишен син. Се претпоставува дека од невнимание ја активирал експлозивна направа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот