Маж и девојка од Обреновац кои заклаа куче осудени на затвор: Еве колку ќе минат зад решетки!

М.Ѓ. (21) и К.П. (34) од Обреновац кои кон крајот на минатата година снимаа и преку Фејсбук група пренесуваа ужасен ритуал на колење на куче, добија затворски казни.

По крајот на судењето, момчето доби 9 месеци затвор, а девојката е осудена на 7 месеци затворска казна.

За потсетување, на снимката која ја згрози српската јавност се гледа како дечкото го заклал кучето скитник и ги повторува зборовите „кефо зоте“, додека девојката која сето тоа го снимала давала упатства.

Инаку се сомнева дека двајцата се припадници на злогласната секта „Црна роза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот