Масовно пукање во Денвер, ранети девет лица

САД полиција/ Фото EPA-EFE/DAVID SWANSON

Во масовно пукање во главниот и најнаселениот град на американската држава Колорадо Денвер, ранети се девет лица, а тројца се во критична состојба, јавува „ABC News“. Осомничениот, кој исто така беше застрелан, е во притвор, се вели во соопштението на полицијата во Денвер. Се верува дека осомничениот не е во животна опасност.

Три лица се во критична состојба по пукањето, соопшти полицијата.

„Ова е сложена истрага која е во тек. Прелиминарните информации укажуваат дека при расправија во која учествувале повеќе лица биле испукани неколку истрели“, се вели во соопштението на полицијата, пренесува „ABC“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот