МАСОВЕН СОБИР ВО ТЕХЕРАН: Илјадници луѓе излегоа да и дадат поддршка на владата

Повеќе илјадниции луѓе денеска излегоа на улиците на Техеран во знак на поддршка на иранската Влада на кој командантот на Иранската револуционерна гарда, генерал Хусеин Салами ги обвини САД, Саудиска Арабија и Израел за поттикнување насилни протести против владата.

– Покажавме воздржаност, покажавме трпение кон непријателските чекори на Америка, ционистичкиот режим (Израел) и Саудиска Арабија против Исламската Република Иран…но ние ќе ги уништиме ако ги преминат нашите црвени линии – предупреди Салами во говорот пред поддржувачите на плоштадот Револуција.

На телевизиските снимки се гледаат како владините поддржувачи извикуваат слогани „Смрт за Америка” и „Смрт за Израел”.

Потпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави им препорача на странските земји да го погледнат денешниот собир и да видат кои се „вистински луѓе во Иран и што кажуваат тие”.

Протестите во Иран почнаа во средината на месецов поради зголемувањето на цените на горивото и трошоците за живот, но демонстрантите наскоро бараа смена на Владата, која ја сметаат за корумпирана. Демонстрациите повремено прераснаа во насилство, но има различни информации за бројот на загинати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот