Маска за лице од мед, полн погодок за нахрането лице пред студената зима

Мед и лаванда
,Model Release: no, Credit line: Miroslawa Drozdowski / Panthermedia / Profimedia

Маската за лице од мед може да биде вашиот најдобар сојузник во заштита на лицето и ослободување од акните. Постојат и различни варијанти на маската за секој тип на кожа.

Медот одамна е ценет како златен лек, поради своите здравствени предности, и користен е за лекување рани, повреди на кожата. Тој е моќен антибиотик кој ги убива бактериите отпорни на други антибиотици. Сите бактерии што можете да ги замислите на вашето лице, заедно со вишокот себум и мртвите ќелии, се совршена подлога за медот да ги отстрани.

Медот можете да го ставате на лицето секој ден

Медот е одличен за кожата, секако доколку не сте алергични на него. Со неговите антивоспалителни дејства, кожата може да ви биде сјајна, глатка и блескава. Во суштина не ви требаат којзнае какви мудрости за да ја сфатите оваа предност. Доволно е да имате тегла природен мед при рака и да го масирате вашето лице или тело пред туширање со оваа златна состојка.

Колку често можете да го користите медот како маска?

Како и секој друг благ третман на лицето, медот можете да го користите секој ден. Доколку сакате да комбинирате и други состојки освен медот, треба да знаете што е најефикасно и кои комбинации ќе направат најдобри резултати.

На пример, маската од мед и маслиново масло е одлична за сува кожа. Маската од мед и лажичка цимет е одлична за пилинг и смирување на акните. Комбинацијата од мед и јогурт е одлична за масна кожа – млечните киселини од јогуртот ќе ја смират кожата и длабоко ја хидрираат, чистејќи ја од вишокот маснотија.

Почнете уште вечер пред спиење – лицето ќе ви биде благодарно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот