Маск повторно ја презеде титулата најбогат човек на светот

Илон Маск
Илон Маск / Фото: EPA-EFE/BRITTA PEDERSEN

Мултимилијардерот Илон Маск повторно ја презеде титулата за најбогат човек на светот, објави „Форбс“. Маск се искачи на првото место благодарение на растот на акциите на „Тесла“. Неговото богатство денеска се зголеми за уште 4,1 милијарди долари или за повеќе од 1,75 отсто и сега изнесува 240,7 милијарди долари.

Акциите на „Тесла“ утрово се зголемија за повеќе од 2,5% на нешто повеќе од 266 американски долари. Тоа беше закрепнување по остриот пад на вредноста на акциите минатата недела. Нето вредноста на Маск сега ја надмина онаа на Бернар Арно, извршен директор на францускиот производител на луксузни производи „ЛВМХ“.

„Луј Витон“, „Кристијан Диор“ и „Тифани“ се во сопственост на „ЛВМХ“. Нето вредноста на Арно денеска потона за 2,4 милијарди долари, или повеќе од 1 отсто, на 234,9 милијарди долари.

Маск ја загуби титулата за најбогат човек на светот во петокот, само неколку дена откако накратко ја врати. Изгуби околу 18 милијарди долари во четвртокот бидејќи акциите на „Тесла“ потонаа, што беше пад за речиси 10% по лошиот квартален извештај за заработка.

Сината птица се претвори во „Х“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот