Сината птица се претвори во „Х“

Новото лого на Твитер / Фото: Nikolas Kokovlis / Zuma Press / Profimedia

Шефот на Твитер го откри новото лого на социјалната мрежа, со бел X на црна позадина, што ќе ја замени сината птица. Утрово во објава на Твитер, Линда Јакарино напиша „Х е тука! Ајде да го направиме ова“.

„Твитовите“ исто така ќе бидат заменети, според сопственикот на Твитер Илон Маск, а објавите ќе се нарекуваат „икс“.

Милијардерот ја смени сликата на профилот во новото лого и додаде „X.com“ во својата биографија на Твитер. Маск сака да создаде „супер апликација“ наречена „Х“ – неговата визија за нов вид платформа за социјални мрежи за која тој зборуваше со месеци, пишува „Би-Би-Си“.

Во неделата, милијардерот објави дека сака да го смени логото на Твитер, пишувајќи: „И наскоро ќе се поздравиме со брендот Твитер и, постепено, со сите птици“.

Потоа, тој сподели слика од новиот бренд X проектиран на страната на седиштето на Твитер во Сан Франциско.

Маск, кој го смени името на бизнисот во X Корп, рече дека замената „требаше да биде направена одамна“. Јакарино вели дека ребрендирањето е возбудлива нова можност.

„Твитер остави огромен впечаток и го промени начинот на кој комуницираме. Сега, X ќе оди понатаму, трансформирајќи го глобалниот градски плоштад“, рече таа.

Птицата Лери, за што коосновачот на Твитер, Биз Стоун, во 2011 година рече дека е почит на кошаркарската ѕвезда и легенда на Бостон Селтикс, Лери Бирд, беше препознатлива кај сите низ светот, знаејќи дека сината птица секогаш ќе ги асоцира на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот