Масакр во Бангладеш: Полицијата пукаше во работници кои бараа заостанати плати и покачување

Полиција во Бангладеш/Фото: EPA-EFE/MONIRUL ALAM

Најмалку пет лица се убиени, а десетина ранети кога полицијата во Бангладеш отвори оган врз работниците од термоелектраната во Читагонг кои ги бараа своите неисплатени плати како и покачување, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека полицијата била принудена да отвори оган откако со цигли и камења ги нападнале околу 2.000 незадоволни работници од термоелектраната во градот Читагонг на југоистокот на земјата која е во сопственост на кинеска компанија.

– Четворица работници загинаа на самото место, уште еден е во болница, а многумина се повредени. Се обидуваме да ја контролираме ситуацијата, изјави за Ројтерс полицискиот началник Азизул Ислам и потврди дека најмалку шестмина полицајци се повредени.

Официјален претставник од локалната власт соопшти дека работниците протестирале поради неисплатени плати и дека изнеле и барања за покачување на плата и намалување на работните часови во текот на светиот месец Рамазан, кој почна оваа недела, кога муслиманите постат од изгрејсонце до зајдисонце.

Електраната вредна 2,4 милијарди долари е сместена на 265 километри југоисточно од главниот град Дака, и е една од неколкуте проекти преку кои Кина настојува да ги унапреди и негува односите со Бангладеш, објави Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот