Мартинез ако треба и ќе ја скрати платата, само за да дојде Меси во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

Сè поизвесно е дека наскоро Лионел Меси ќе се раздели со ПСЖ, а доста се шпекулира каде би можел Аргентинецот да ја продолжи кариерата.

Се поврзува со можно враќање во Барселона со која ги оствари најголемите успеси, но таа приказна и натаму не добива на значење поради лошата финансиска ситуација во клубот од „Камп Ноу“ и правилата на „Ла Лига“.

Ал Хилал од Саудиска Арабија му понуди астрономски бројки на Меси и чека одговор.

На Меси се надеваат и во американската МЛС лигата, додека во Аргентина не го очекуваат поради ситуацијата во земјата.

Како „гром од ведро небо“ се појави и понуда од Премиер лигата. Како што пренесува „Дејли Мејл“, соиграчот на Меси од репрезентацијата, голманот Емилијано Мартинез, го повикува легендарниот ас во редовите на Астон Вила.

– Дојди во Астон Вила. Ќе пиеме, ќе јадеме „асадо“ (печено месо) секоја недела. Ќе ги замолам луѓето да направат мали знамиња за него и тој добро се забавува. Ќе се откажам од дел од платата, ќе го дадеме најдоброто – вели Мартинез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот