Маркоски: Штета што со Магдебург ќе играме без навивачи

принтскрин

Ракометарите на Е. Пелистер утревечер (20.45 ч.) против германскиот Магдебург го играат првиот осминафинален натпревар во рамки на Лигата на Европа. Иако бундеслигашот во двомечот влегува како фаворит, пелистерци најавуваат голема борба и ќе дадат се од себе за да го изненадат Магдебург.
– Секој натпревар со бундеслигаш е голем натпревар. Штета што нема публика да биде поинтересно. Ќе дадеме сè од себе да извелечеме добар резултат во Битола, па во реваншот ќе се бориме колку што можеме. Секако дека Германците се фаворити, ние ја имаме улогата на аутсајдери и наше е да покажеме дека тоа не е така. Карактеристиките за нивниот најдобар ракометар Безјак ни се познати. Добро влече полуконтра и игра еден на еден, така да ќе се обидеме да го затвориме. Голема улога во играта на Магдебург има и десниот бек со шутевите од надворешните позиции – вели Маркоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот