„Марка“: Атлетико Мадрид собра најмногу награди, една освои и Меси

Луис Суарез („Атлетико Мадрид“) беше прогласен за најдобар играч во шпанската „Ла Лига“ /Мадрид, Шпанија/29 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Шпанскиот спортски весник од Мадрид, „Марка“, ги избра најдобрите фудбалери во „Ла Лига“ за минатата натпреварувачка сезона.

„Марка“ традиционално кон крајот на годината ги избира најдобрите играчи во најсилното шпанско првенство, а овој пат најмногу награди доби Атлетико Мадрид, актуелниот шампион на Шпанија.

Јан Облак повторно е избран за најдобар голман во првенството, а ова е петто вакво признание за словенечкиот репрезентативец. Луис Суарез беше прогласен за најдобар играч во „Ла Лига“ минатата сезона, а Диего Симеоне по трет пат во кариерата за најдобар тренер.

Наградата за најдобар стрелец му припадна на поранешниот играч на Барселона, Лионел Меси, кој оваа награда ја има освоено осум пати во кариерата.

Лани Аргентинецот во шампионатот постигна 30 гола на 35 натпревари во дресот на Барселона, но тоа на Каталонците не им беше доволно на крајот за титулата. Интересно, немаше ниту едно признание за играчите на Реал Мадрид.

ВИДЕО: Меси асистираше за триумф на ПСЖ, конечно деби на Рамос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот