Марк Руте: Итен прекин на насилството и масовно зголемување на хуманитарната помош за Газа

epa10509709 Dutch Prime Minister Mark Rutte

Првиот човек на холандската влада смета дека е важен апелот на Обединетите нации за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас. Според Марк Руте, потребно е веднаш  да се ослободат сите заложници и масовно да се зголеми помошта за Газа.

„Тоа што е потребно сега е: Итен прекин на насилството, ослободување на сите заложници, итно масовно зголемување на хуманитарната помош за Газа и трајно решение“, напиша премиерот на Холандија, Руте, на социјалните мрежи.

Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за итен прекин на огнот во Појасот Газа како и за безусловно ослободување на заложниците. ОН за првпат по шестмесечната војна во Појасот Газа бара „итен прекин на огнот“.

„За“ резолуцијата гласаа 14 земји, а само САД беа „воздржани“.

Резолуцијата беше поднесена од десет непостојани земји-членки на Советот за безбедност. Во претходните обиди постојаните земји-членки ставаа вето, со што оневозможуваа усвојување на претходните резолуции за примирје во Газа.

САД досега ставија вето на три нацрт резолуции, а Русија и Кина двапати го блокираа американскиот предлог.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот